ЕРАЗМУС + акција КА101 – мобилност на наставен кадар во училишно образование
Со овој проект се реализираше мобилност за 6 наставници од различни области (мајчин јазик, странски јазици, природни науки, математика и информатика). Учесниците следеа еднонеделен курс од 04 до 10 јули 2021 г. кај провајдерот AEF Maxima-Сплит, Хрватска. Курсот беше на тема – Креативност во училницата и различни начини на прикажување.
Со овој проект учесниците ги постигнаа следниве цели :
– надоградување на различни стратегии за подобрување на нивните наставни компетенции со акцент на креативноста во училницата
– вмрежување и остварување на соработка со наставници од цела Европа
– подготвување на часови на покреативен и интересен начин преку стимулирање на критичко размислување
– споделување на најдобри практики и промовирање на употреба на нови и иновативни педагошки методи и технологии
– тимската работа, нови стратегии, вештини и алатки во процесот на работа.
Координаторот Елена Ѓорѓиевска истакна дека благодарение на овој проект учесниците имале можност да стекнат нови пријателства од европските земји, да научат повеќе, да се стекнат со нови вештини и да разменат добри практики и искуства.
Наставниците кои го следеа курсот ќе извршат дисеминација за наставниците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка како и за останатите заинтересирани наставници од основните училишта во нашата општина. Исто така проектот ќе биде презентиран и на пошироката јавност преку организирани настани.