Запознавање на наставниците со профилот на обуките и критериумите за избор на наставници
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност , за учење преку индивидуални мобилности во рамки на програмата Еразмус+ Клучна акција 1 – Мобилност на поединци 101 – Проекти за мобилност на вработените во училиштата ни одобри грант за нашата апликација од 2020 година, за проектот со наслов:
„Мотивирани наставници дизајнираат искуства за учење без бариери“
На ден 17.06.2022 година се одржа Наставнички совет на кој наставниците беа запознаени со профилот на обуката, целите, критериумите и начинот на аплицирање.
Број на учесници: 3
Главни цели на овој проект се:
– идентификација на учениците со (SEND) Специјални образовни потреби и инвалидитет;
– подобрување на педагошко-дидактичките компетенции;
– дополнување на нови креативни и иновативни наставни методи;
– вмрежување и интернационализација на училиштето со европските земји и воспоставување долгорочна соработка.
Начин на аплицирање:
Секој кандидат треба да ги достави следниве документи на е-маил адресата: proekti.gp@gmail.com до 21.06.2022 , 23:59 часот.
1. Кратко мотивационо писмо (со образложение во насока на начинот на кој би придонел за исполнување на горенаведените цели на проектот)
2. Кратка професионална биографија
3. Доказ за познавање на англиски јазик – ниво Б1
*Можно е тестирање доколку се пријават повеќе кандидати
4. Доказ дека се активни еТвинери ( еТвининг портфолио)
5. Согласност за менторирање на група наставници по завршување на курсот (своерачно потпишана и скенирана)
6. Изјава за креирање на еТвининг проект како folow up на проектот кој ќе се реализира во учебната 2022/23 (своерачно потпишана и скенирана)
Критериуми:
Со цел да се обезбеди постигнување на резултатите од проектот, учесниците ќе бидат избрани според добро утврдени критериуми:
· желба за учество (како што е наведено во мотивационото писмо);
CV (кратка биографија, проектите во кои бил вклучен кандидатот, вештини и знаења поврзани исклучиво со работата);
· дигитални вештини ( ќе се изберат наставници кои се флексибилни да учат и обработуваат информации поврзани со темата);
· јазични вештини (минимум Б1 ниво, за да се обезбеди разбирање на содржината и јазичната бариера да не стои на патот на извршувањето на конкретните задачи);
· искуство во дисеминација на други проекти ќе претставува предност;
Дадените критериуми се важни бидејќи од избраните учесници се очекува да го стекнат најдоброто искуство и знаење.
Исто така, избраните учесници ќе бидат вклучени во сите активности организирани пред, за време и по завршување на обуката.
1. пред настанот – подготвителна обука
2. за време на настанот – учество на обуката
3. по настанот – организација на локални, регионални и интернационални сесии за дисеминација, собирање докази за учество, споделување на резултатите на личен блог, организирање на материјалите, еТвининг проекти и сл.