Во гимназиско образование се застапени следните подрачја: Општествено-хуманистичко подрачје комбинација А, Јазично-уметничко подрачје комбинација А, Природно-математичко подрачје комбинација А и Природно-математичко подрачје комбинација Б.
Наставните програми во гимназиското образование овозможуваат:
- Постигнување на општообразовен стандард на знаења кој ќе им овозможи на учениците проодност во сите подрачја во системот на образование
- Промовирање на индивидуалниот развој и личноста на ученикот;
- Градење креативни и морални личности кои ќе се интегрираат во современото општество, оспособени за живот и работа во мултиетнички и мултикултурни средини;
- Поттикнуваат индивидуалност и креативност, дисциплина и култура, повисоки интелектуални способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици. Корените на образованието се горки, но плодовите се слатки, затоа секојдневно инвестираме во градење на нашата иднина. Човековото воспитание е огледало во кое се прикажува личниот портрет.
- Наша мисија е да ја препознаеме индивидуалноста која мора да биде во корелација со тимската работа, која поттикнува креативност и создава квалитет.
Успешното завршување на програмите од јазично-уметничкото подрачје, комбинација А овозможува учениците полесно да се запишат и успешно да ги завршат студиите на :
- филозофски,
- филолошки и
- педагошки факултет.