На 23 мај 2019 година во просториите на МКЦ – Скопје, се одржа државниот натпревар ТРЕШ ФЕШЕН. Во конкуренција на 44 учесници, тимот од СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка го освои третото место со креацијата „The Queen” изработена од три ученички од прва година: Нела Ристовска, која го претстави и носеше моделот, Неда Величковска и Натали Митровска, под менторство на професорот Роберт Цветковски.
Претходно на 13 мај 2019 година во холот на гимназијата „Ѓорче Петров“ по осми пат се организираше ревија од отпадни рециклирачки материјали чиј координатор е професорот по ликовна уметност, Роберт Цветковски. На ревијата учествуваа 10 тимови од по тројца ученици, а жири комисијата како најдобра ја одбра креацијата „The Queen”.