Со учење во оваа струка вие се оспособувате за следните работни позиции:
Готвач
- подготвува работна документација со користење информациско – кумуникациски средства комуницира со корисници на услуги на еден странски јазик
- комуницира со соработници применувајки ги принципите на работна култура
- користи пропишана работна облека
- составува листа на јадења и менија за редовни и вонредни оброци
- припрема прехрамбени продукти за финализирање на различни видови готварски производи
- приготвува прехранбени продукти ѕа финализирање на различни видови готварски производи: ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови и фондови, једења од месо, риби, ракови и морски плодови, прилози, вегетаријански јадења, салати, слаткарски производи, национални јадења, правилна храна
- сервира, декорира и испорачува јадења во соодветни садови
- води и ажурира евиденција за работата во кујната
- работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работа и услуги
- извршува работи во согласност со прописите за заштита на работна средина и околина
Teхничар за хотелско-туристичко работење
- Рецепцискиот службеник самостојно извршува работни активности во сместувачките објекти иповрзани со прием, сместување и испраќање гости.
- Прима и реализира резервации за индивидуалнигости и групи, калкулира и наплат ува услуги.Во рамките на овие работни задачи, ракува со собните клучеви /картици, се грижи за багажот и вредните предмети на гоститеи вршименувачки работи.
- Исто така, информира, советува и презентира угостителска понуда и услуги, резервира вонпансионски услуги во угостителскиот објект, подготвува различни видови прегледи и евиденции за тековното работење.
- Интегрира угостителски узанси во работењето, комуницира со гостите и деловните партнери на два светски јазици и решава конфликтни ситуации и тековни проблеми.
- Обезбедува и осигурува безбедни услови за работа.
- Работи самостојно на извршување на работните задачи, поседува претприемачки вештини и има способност за тимска работа
- Агенцискиот службеник самостојно извршува работни активности во туристичката агенција поврзани со патување и престој на туристите во туристичката дестинација.
- Планира, креира и калкулира туристички аранжмани по желба на клиентот, врши промотивни активности, продажба и наплата на туристичките аранжмани.
- Во рамките на овие работни задачи, составува и пополнува договори за патување, врши букирање на патниците,издава патничко осигурување, пополнува ваучери, изготвува руминг листа и список на патници.
- Исто така, информира, советува и презентира туристички понуди и услуги, резервира услуги за сместување, храна и пијалок, резревира и продава различни видови возни билети, составува, калкулира, презентира и продава излети и разгледи, продава влезници за културни, спортски и естрадни манифестации, врши менувачки работи, пополнува и издава осигурителни полиси, посредува во склучувањедоговори за рент а кар услуги, подготвува различни видови прегледи и евиденции за тековното работење.
- Обезбедува и осигурува безбедни услови за работа.
- Работи самостојно на извршување на работните задачи, поседува претприемачки вештини и има способност за тимска работа.