2022 е назначена како „Европска година на младите’“ за таа цел група ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ го споделија своето знаење стекнато во странство преку Еразмус+ проектот YES Europe III.
Настанот се одржа во Europe House на 07.06.2022 год.
Учениците на присутните им ги појаснија можностите за студирање, работа и живеење во Европа. На присутните исто така им беше презентирано како да направат тест на личноста и како да се подготват за интервју за работа. На настанот беше презентирана и Еразмус+ програмата и учениците беа охрабрени да аплицираат на следните повици.