Учениците од II година од електротехничката струка под менторство на проф. Ивана Станковска соработуваат со ученици од стручни училишта од Германија, Хрватска, Полска, Португалија и универзитетот од Валенсија, Шпанија.
Целта на овој проект е учениците да научат да пишуваат CV, да се запишат на европски универзитети и полесно да најдат работа во некоја европска држава. За почеток разменивме информации за нашата струка и научивме нешто повеќе за струките на нашите партнери.
Наставниците вклучени во проектот реализираа вебинар за студентите од Валенсија на тема – Како се станува наставник во стручно образование?