На 09.12.2020 г. се одржа интернет дебата со евроамбасадорот Дејвид Гир на која учество зедоа 25 наши ученици. Како благодарност за нивното учество во дебатата Европската куќа и амбасадорот им испратија симболични подароци на сите учесници.
За време на дебатата учениците имаа шанса да ги споделат своите идеи и прашања на актуелни теми. Учениците дискутираа за влијанието на ЕУ на образовениот систем, економија и здравство како и начинот на кој ЕУ помага во борбата со пандемијата. На амбасадорот му беа посочени прашања за нашата локална заедница и се дискутираше за проектот EU House кој е завршна фаза во Крива Паланка.
За време на дебатата амбасадорот ја упати неговата целосна подршка и покажа дека е важно да се слушне гласот на младите и дека нивните идеи се од големо значење за унапредување на општеството.