На 30.11.2021 година претставници од паралелки од сите четири година заедно со раководниот тим и дел од стручните соработници спроведоа Еколошка акција за расчистување на споредната патека која води до училиштето.
Еколошката акција е дел од активностите планирани во Акциониот план на Ученичката инцијатива – Движи се безбедно кон училиштето и чувај ја околината!
Дел од активностите учениците ќе ги реализираат во соработка со Локалната самоуправа и ЈП Комуналец.
Учениците преку иницијативата сакаат да обезбедат безбедна и чиста патека која ќе ја користат учениците на пат кон училиштето како и да ја зголемат свесноста на малдите за зачувување на природата.