Официјално денес е крај на вашето средношколско образование. За жал, последниве неколку месеци не’ научија дека и во поинакви услови може да се надоградувате и да ја завршиме успешно нашата заедничка мисија.
Патот што е пред вас ќе ве одведе во различни искушенија и предизвици и ние ви посакуваме среќа и успех на тој пат.
Ви благодариме што секој на свој начин допринесе во промоција и афирмација на нашето училиште, затоа што се’ што сте научиле од нас е ваше богатство и никој не може да ви го одземе.
Генерација 2016 – 2020 нека ви е честита матурата и продолжете гордо да чекорите низ патеките на животот!
Искрено ви посакуваат директороката на училиштето Габриела Стаменковска и сите вработени при СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка.