Дисеминација на реализираните активностите од проектот се реализираше во периодот од 26.08.2022 до 10.10.2022 година. Наставниците кои учествуваа на мобилноста, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Десиминацијата беше реализирана со физичко присуство во училиштето.
Во месецот на дислексијата – октомври, наставниците кои беа дел од проектот организираа работилница на која присутните наставници имаа можност да се запознаат со типовите попреченост кои можат да се јават кај учениците, како да ги препознаат и како да постапат во различни ситуации.