Денеска во нашето училиште се одржа UP-SHIFT натпревар меѓу тимовите на клубот.
Сите тимови имаа можност да ги претстават своите иновативни идеи и решенија.
Победнички тим од училиштетето е тимот „Sense A Flare!“, составен од Божица Ивановска, Ања Митовска, Хана Ѓорѓиевска, Ева Здравковска и Александар Сандевски од прва година.
Сите три тима покажаа извонредна креативност, тимска работа и желба да направат позитивна промена во нашето општество и заедница.
Им честитаме на сите учесници и ги охрабруваме да продолжат да создаваат и да инспирираат иновативни нешта преку кои ќе дојде до израз нивната креативност.
Учениците работеа под менторство на проф.Маријана Милковска.