Во време на пандемија и онлајн настава, се зголемува бројот на ученици кои се жртви на (сајбер) насилство. Најчесто жртвите ја водат својата битка сами и се плашат да зборуваат за тоа.
Нашите ученици под менторство на професорките Елена Ѓорѓиевска, Ивана Станковска и Маријана Милковска во соработка со училишта од Франција, Турција и Романија, со заеднички сили се борат против овој општествен проблем. Сакаме да го прикажеме негативниот ефект, последиците и да им помогнеме на жртвите.