

На 27.11.2025г. нашето училиште се вклучи на меѓународниот натпревар по англиски јазик BEST in English кој го организира Р. Чешка. Натпреварот се одвиваше преку онлајн платформа. Се натпреваруваа 44 ученици од сите 4 години под менторство на професорките по англиски јазик: Лидија Алексовска, Кристина Додевска, Мирјана Илиевска, Билјана М. Михајловска и Ивана Герасимовска. Според првичните информации на натпреварот земале учество 796 училишта од 33 држави и 31 656 ученик. Се надеваме дека и покрај тешката конкуренција нашите ученици ќе имаат солидни резултати.
Очекуваме наскоро да бидат соопштени конечните резултати 😊