- Автомеханичарите подесуваат, монтираат, сервисираат и поправаат мотори и друга механичка опрема на патнички автомобили или други моторни лесни возила.
- Автомеханичарите вршат испитување, ремонтирање или заменување на старите мотори со нови, испитување, подесување, сервисирање, тестирање и поправка на системот за кочење на моторни возила.
- Задачите на автомеханичарите на лесни возила исто така вклучуваат испитување, подесување, сервисирање, тестирање и поправка на системот за управување и системите за довод на горива, како и замена на дотраени делови со нови резервни делови.
Наставен план за Автомеханичарска струка.