Дисеминација на обука за модерни педагошки пристапи
На 07.02.2024г. во просториите на училиштето професорките Катерина М. Наковска и Ивана Станковска реализираа дисеминација на обука за модерни педагошки пристапи. Во оваа дисеминација беа опфатени неколку теми: наставни пристапи; современи наспроти традиционални пристапи; стратегии за оценување; кариерен развој и сл. Дисеминацијата ја проследија 25 наставника од училиштето. Провајдер на оваа обука е We Global во соработка со МОН.
- Published in Останато
Општински натпревар по математика
На општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 2.2.2024г. под менторство на професорките: Зорица Ристовска, Габриела Стаменковска и Сашка Младеновска година, учествуваа следниве ученици:
Сите ученици се пласираа на регионалниот натпревар.
Им посакуваме успех и во следните фази од натпреварот!
- Published in Математика, Останато
Програмa за екскурзиja за трета година
СОУ „Ѓорче Петров“ ja објавува програмата за ученичка екскурзија за учениците од трета година. Ќе се реализира повеќедневна екскурзија заради посета и запознавање на природни, културно-историски, научно-технолошки и други значајни атрактивни места. Екскурзијата на учениците ќе им понуди рекреација, едукација, запознавање со културното, историското и религиозно минато на посетените локалитети.
Програмата и потребната документација можете да ги разгледате на следниов линк:
https://drive.google.com/drive/folders/1YOhhh5RqJojlkULS0-J5VAOXax0WIxMd?usp=drive_link
- Published in Останато
Општински натпревар по географија
На општинскиот натпревар по географија кој се одржа на 2.2.2024г. година учествуваа следниве ученици под менторство на проф.Гордан Стојановски:
1. Меланија Тасковска – I година
2. Давид Младеновски – I година
3. Кристијан Ценевски – I година
4. Димитар Стојановски – II година и
5. Вања Костовска – II година
Сите ученици се пласираа на регионалниот натпревар.
Ви посакуваме успех во понатамошните натпревари!
- Published in Останато, Природни предмети
Презентација на Европас, Еврогајденс и еТвининг
Денеска во нашето училиште претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност: Анабела Димоска, Мила Протуѓер и Драгица Ивановска ги презентираа мрежите Европас, Еврогајденс и еТвининг.
Се дискутираше за Европас како сет на онлајн алатки и информации кои помагаат да управуваме со секој чекор од учењето и кариера.
Еврогајденс – мрежа која ја поддржува интернационализацијата на кариерното насочување и советување. Додека во делот еТвининг беше промовирана новата платформа за европско училишно образование ESEP (Europan School educational Platform
која е активна од 2022 година.
- Published in Останато
Презентација на Градежен факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје
На ден 25.12.2023г. д-р Митовски Стевчо ,професор на Градежниот факултет од Скопје, на матурантите од нашето училиште им ги презентираше програмите за додипломски студии што ги нуди Градежниот факултет. Им објасни на учениците кои насоки ги нуди факултетот и имаше продуктивна дискусија.
Интересот кај учениците беше забележителен.
Благодарност до професорот , нашиот драг сограѓанин, за одвоеното време!
- Published in Останато
„Петарди не, безбедноста пред сѐ“
Кампањата “Петарди не – безбедност пред сè“ се спроведе и кај нас. Лекарите д-р Марија Крстевска и д-р Ангела Марковска и студентката по медицина Глорија Стојковска заедно со претставници од МВР, одржаа предавање на 25.12.2023г. (понеделник) на учениците од прва и трета година од нашето училиште.
Ентузијазмот и поддршката од средношколците за да направат промена се инспирација за оваа кампања и се надеваме дека пораката ќе допре до секој ученик и секој родител за да заеднички ставиме крај на опасностите кои се кријат позади примената на петарди и пиротехнички средства. Ви благодариме што и оваа година го избравте нашето училиште за Вашата кампања.
- Published in Останато
Хуманитарна акција – Секој заслужува да има богата трпеза за празниците
Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите. Тоа го докажаа и учениците од угостителско-туристичката струка кои здружија сили со учениците од природно-математичката паралелка за да помогнат на ученици од социјално ранлива категорија. Вака, тие сакаат да ги мотивираат своите врсници да прават добри дела. Она што посебно не радува е тоа што учениците се хумани и имаат развиено чувство за емпатија.
Да продолжиме си помагаме и да го негуваме другарството!
Благодарност до Радио Слободна Европа што ја документираше оваа акција!
- Published in Останато
Деветта ораторска вечер во нашето училиште!
Нашите сограѓани имаа можност да ги слушнат осумте оратори, кои имаа многу нешта да ни порачаат, интерпретаторите во изведба на „Писмото до внуката Калина” од еминентниот драмски писател Горан Стефановски и училишниот хор. Чест и задоволство ни беше што нашиот специјален гост, еден и единствен Ајдин Османовиќ ја отвори вечерта. Како и секоја година најтешката задача беше оставена на жири- комисијата – да ги избере најдобрите оратори меѓу најдобрите. И покрај тешката одлука, жири- комисијата за топ 3 оратори ги избра:
1 место: Маја Тасевска – IV 1 паралелка
2 место: Ева Новкова – IV 2 паралелка
3 место: Ана Велковска – II 5 паралелка
Благодарност до градоначалникот г-дин Сашко Митовски што не’ поддржа и оваа вечер.Честитки до сите кои дадоа придонес оваа вечер да биде величествена!
- Published in Македонски јазик и литература, Останато
Акција за пошумување!
Околу стотина ученици придружувани од професорите Гордан Стојановски и Стефани Давидовска беа дел од акцијата за пошумување на опожарени површини во атарот на село Т’лминци. На истата беа засадени 3.000 садници црн бор. Акцијата ја организираше Извидничкиот одред од Крива Паланка “Наум Наумовски Борче” во рамки на проектот ,,Боренка” со поддршка од општина Крива Паланка и UNDP. Освен извидници на ИО “Наум Наумовски Борче” на акцијата се приклучија и Сојуз на извидници на Македонија; вработени од Јавното претпријатие “Македонски шуми”; ПШСВ “Осогово”, Крива Паланка и еколошкото здружение “Осоговски акцијаши”.
- Published in Останато