Во духот на креативноста, грижата и тимската работа, четири тимови составени од ученици од сите 4 години од угостителско-туристичката струка подготвија оригинални јадења во кои лебот имаше главна улога.
Жири комисијата по дегустацијата и внимателното оценување според критериумите: вкус, изглед, креативност и поврзаност со темата, ги прогласи следните резултати.
🥇место: тим 3 – Палина, Анастасија и Драгана ( III година)
🥈место: тим 2️⃣- Јована и Ана Марија (II година) и тим 4️⃣- Себихана и Стефанија ( IV година)
🥉место: тим 1️⃣ – Теа, Кармина и Стефанија ( I година)
Благодарност до сите ученици што покажаа дека храната не е само потреба, туку и креативен израз на љубов, заедништво и свесност.
Честитки за сите тимови – денес вие готвевте со срце, ум и насмевка!