Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19. СУ “Елин Пелин“ -Бугарија (партнер), ја реализираа првата мобилност од проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа, во период од 20.03.2022 до 26.03.2022 година.
Домаќин училиште на оваа мобилност беше 19.СУ “Елин Пелин“ од Софија Р, Бугарија.
Пет ученика, придружувани од наставничките Елена Ѓорѓиевска и Ивана Станковска, имаа можност да учествуваат во оваа размена.
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата, храната на државата – домаќин, како да се студира и најде работа, како да се подготват за интервју за работа и направија и тест на личноста. Исто така ги посетија и следниве институции:
Покрај новостекнатите вештини учениците имаа можност и да склучат нови пријателства и да се дружат со своите врсници од Германија, Белгија и Бугарија.
„Дружењето и комуникацијата со ученици и колеги од различни европски земји нè збогатуваат со знаења не само од дадената област туку и искуства воопшто од животот. Овие средби и проекти нè мотивираат да работиме уште подобро и уште повеќе се со цел да им овозможиме на нашите ученици да ги прошират своите хоризонти“ – изјавија професорките Ѓорѓиевска и Станковска.