Во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште, под координација на Институтот за развој на заедницата – ИРЗ Тетово, во партнерство со училиштата: РЦСООМоша Пијаде – Тетово, СЕТУ Михајло Пупин – Скопје, ОСТУ Наце Буѓони, Куманово и СУГС Владо Тасевски Скопје, во периодот од 21.09.2021 до 06.10.2021 г. го реализираше проектот Европски компетенции, ЕУКОМП.
За таа цел, наши ученици од електротехничка струка патуваа и изведуваа практична работа две недели во познати компании во Португалија.
Овој проект ги зајакна техничките и професионалните вештини на учениците и наставниците од средните стручни училишта преку имплементација на стекнатото теоретско знаење во реална средина во согласност со нивната струка. Сето ова придонесе до развој на индивидуалните квалификации на учениците и можноста за натамошното вработување во нивниот сектор. Покрај стекнатите практични вештини, тие научија повеќе за португалската култура, начин на живот, стекнаа нови пријателства, разменуваа искуства и ги запознаа културно историските знаменитости на Португалија со посета на најзначајните места во Порто, Лисабон и Повоа де Варзим.