Оваа година малку поинаку, но не и помалку вредно го одбележавме Патрон празникот на нашето училиште. По тој повод денес раководниот кадар во име на сите вработени положи свежо цвеќе пред бистата на нашиот патрон Ѓорче Петров.
Исто така во таа чест се одржа и свечена седница на Наставничкиот совет каде свое обраќање имаше директорката Габриела Стаменковска и беше промовирана Монографијата со наслов Училиште на 21 век. На свечената седница присуствуваа и членовите на Училишниот одбор и Советот на родители.
Нека ни е честит и вековит Патрон празникот!