Во рамки на проектот Yes Europe 3 – младите студираат и работат во Европа од КА229 се организираа повеќе онлајн состаноци со партнер земјите Германија, Белгија и Бугарија. Цел на состаноците е да се направи акционен план и да се утврдат датуми за реализирање на мобилностите.
Од нашето училиште на онлајн состаноците учество зедоа проф.Ивана Станковска и проф.Елена Ѓорѓиевска.
Поради пандемијата со Ковид 19 заклучено е сите мобилности да се пролонгираат до следната учебна година и да се продолжи со онлајн состаноци за да се подготвуваат предвидените активности.