1. Клучна акција 1 – Мобилност на поединци 101 – Проекти за мобилност на вработените во училиштата
Наслов на проектот: Мотивирани наставници дизајнираат искуства за учење без бариери |
2. KA102–проекти за мобилност на учениците и вработените во стручното образование и обука Наслов на проектот: Европски надлежности Координатор на проектот: Здружение ИРЗ, Тетово Партнери: СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка, ССОУ „Наце Буѓони“ – Куманово, ССОУ „Моша Пијаде“-Тетово, СУГС „Владо Тасевски“- Скопје, СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје. Целите на овој проект да се овозможи меѓународна практично искуство како за наставниците во стручно образование и обука така и на учениците и подобрување на нивните компетенции со цел да се одговори на клучните потреби на: 1. Развивање на вештините, знаењето и капацитетот на наставниците во стручно образование и обука за да им овозможат на поефикасно поддршка на учениците во стекнување вештини, знаења и компетенции според потребите и побарувањата на пазарот на трудот; 2. Подготовка на учениците кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот; 3. Зајакнување на национална и меѓународна соработка помеѓу институциите за стручно образование и обука; 4. Подобрување на јазичните компетенции на наставниците и учениците; 5. Подобрување на темите и материјали за наставниот план и програма; 6. Зголемување на атрактивноста на струките за нови ученици. |
3. Стратешки партнерства – Училишно образование – Размена помеѓу училишта КА229
Наслов на проектот: Yes Europe 3 – младите студираат и работат во Европа
Главна цел: Размена на добри практики
Апликант: Германија Партнери: Белгија, Бугарија и Македонија.
Учениците ќе имаат можност да разговараат со компании, центри за работа, факултети и стопански комори од сите држави. Ќе имаат можност да се запознаат со можностите за студирање/работа во Европа. Се ова ќе им помогне полесно да ја одберат својата идна професија. Ќе научат како да се подготват за интервју, како да аплицираат за работа и да најдат сместување. Долгорочна цел е да се намали невработеноста кај младите и да се мотивираат да побараат работа во било која Европска земја.
Резултатите се објавени на страната на НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ https://na.org.mk/results/?doing_wp_cron=1601120762.3862540721893310546875