Наставниот кадар и стручните соработници при СОУ „Ѓорче Петров“ интензивно се подготвуваат за on-line наставата во новата учебна година. Најпрво училиштето обезбеди .edu.mk домен и конфигурација на службени е-маил адреси за наставниот кадар, стручните соработници и за учениците со што сите добија кориснички сметки за Office 365 пакетот For Education од MS Teams.
Потоа на 20,21 и 24 и 25 август преку MS Teams платформата се одржа четиридневна обука со цел да се споделат искуства и знаења и сите наставници подготвени да ја почнат новата учебна година.
Наставниците имаа можност да научат што е тоа Microsoft Teams, за што служи, како може да се применува и како се работи со оваа апликација: начини на инсталирање и најавување на Microsoft Teams, основните елементи на алатката Microsoft Teams (основни менија и разгледување на апликацијата), активности ( Activity), пораки (Chat), тимови, групи, одделенија (Teams), задолженија, задачи, наставни ливчиња, тестови (Assignments), календар на активности (Calendar) и документи (Files).