На наше огромно задоволство на ден 28.02.2020 година, училиштето го посети ВД амбасадрот на САД Џенифер Р. Литлџон. Во рамки на посетата беа реализирани повеќе активности:
Посетата имаше за цел да се воспостави соработка помеѓу училиштето и Амбасадата, да се претстават можностите за школување во САД на учениците и да се отвори Американско катче во гимназијата. Учениците и наставниот кадар со задоволство ги проследија презентациите и изразија огромно задоволство за можноста за соработка.
Во своето обраќање ВД амбасадорот нагласи дека мисијата за посета на средни училишта ја започнува од нашето училиште и дека впечатоците од посетата се навистина импресивни. Воодушевена од училишната клима, условите за работа и од мотивираните ученици полни со ентузујазам и со одлично владеење на англискиот јазик, амбасадорката истакна дека сме поставиле високи стандарди во образованието во земјава и пошироко.