Драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“- Крива Паланка учествуваше на меѓународниот фестивал „Лектириќи“ екс ју фест во Прокупље. Во конкуренција од градовите Лесковац, Блаца, Ниш, Белград, Инџија, Смедеревска Паланка, Сурдулица, Крушевац, Сокобања, Тузла, младите актери од нашата гимназија освоија дури четири високи награди.
1. Во категорија на претстави за млади го освоија 3-то место, зад театарските групи од Белград и Тузла.
2. За главна женска епизодна улога – Анѓела Стамболиска (за улогата на Мара – слугинката)
3. За главна машка епизодна улога – Александар Тасевски (за улогата на Џорџ-зетот)
4. За оригинален драмски текст -Зорица Давитковска -професор.