На ден 17.6.2023 годинa во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, се одржа натпревар за рецитатори во рамки на Државниот натпревар по македонски јазик и литература.
На истиот учествуваа две ученички од нашето училиште:
1. Ангела Илиевска под менторство на проф. по македонски јазик и литература Лиле Стојановска и
2. Матеја Цветковска под менторство на проф. Елена Јакимовска.
На натпреварот беа пријавени вкупно 40 ученици, од кои 15 ученици беа од средно образование и 25 ученици од основно образование. Сите ученици беа солидно подготвени и покажаа одлични рецитаторски способности за натпревар од ваков ранг. Нашите ученички и нивните ментори добија благодарници за учество на натпреварот и охрабрување да не застануваат тука, туку да продолжат со изучувањето, негувањето и грижата за македонскиот јазик и убавиот збор.