еTwinning платформата им помага на просветните работници во градинките, основните и средните училишта да се поврзат со колеги од други европски земји и заеднички да работат на национални и европски проекти.
„Inclusion and Diversity in eTwinning” е мултилатерален семинар кој се одржа во Леириа-Португалија во период од 22.06 до 24.06.2023г. на кој учествуваа 73 учесници од 11 европски држави меѓу кои и претставници од училиштата: ООУ,,Киро Глигоров”- Скопје, ОУ,,Христо Узунов”-Другово, СОУ,,Ѓорче Петров”-Крива Паланка и претставник од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Нашето училиште го претставуваше проф. Катерина М. Наковска.
Целта на овој семинар беше фокусирање на различностите и еднаквоста,кои треба да бидат инклудирани во воспитно- образовниот процес.
Стекнатите нови практики и методи, ќе овозможат континуиран еднаков пристап кон сите ученици и почитување на различностите ,намалувајќи ги бариерите.