СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка објавува повик за пријавување на ученици за учество во Erasmus+ проект за мобилност – KA122-VET, со регистарски број 2026-1-MK01-KA122-VET-000428511.
Проектот е насочен кон изучување на информатички технологии и роботика и воведување зелени практики во наставата по електротехника.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Ученици од сектор Електротехника и информатички технологии – образовен профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика (КТА).

Предност при изборот имаат учениците од II, III и IV година, согласно проектната апликација.

ШТО ТЕ ОЧЕКУВА?

16 ученици

14 дена мобилност

Лисабон, Португалија

Практична настава и работа со современи технологии

Информатички технологии и роботика

Зелени практики

Меѓународно искуство и нови пријателства
Ова е можност да стекнеш нови знаења, практични вештини и искуство во меѓународна средина, да го надградиш своето стручно образование и да ја запознаеш Португалија!

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Во e-mail пораката наведи:

име и презиме

година на образование

паралелка
И приложи:

Europass CV

Мотивациско писмо во Europass формат

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
05.10.2026 од 12:00 часот
до 11.10.2026 до 00:00 часот

НОВИ ЗНАЕЊА. НОВИ ИСКУСТВА. НОВИ МОЖНОСТИ.

БИДИ ДЕЛ ОД ERASMUS+ МОБИЛНОСТА ВО ЛИСАБОН!
Твојата европска приказна започнува со еден чекор. Направи го!

