
На 03.02.2026 година, учениците од електротехничката струка присуствуваа на презентација посветена на активностите и можностите што ги нуди компанијата DRÄXLMAIER. Како глобален добавувач во автомобилската индустрија, компанијата го опфаќа целиот процесен синџир – од почетната идеја и развојот на производите, преку сериското производство, до навремената испорака на производствените линии кај автомобилските производители.
Како општествено одговорна компанија, DRÄXLMAIER континуирано вложува во едукацијата и професионалниот развој на младите. За нас претставува чест и задоволство што имаме ваков стратешки партнер, со чија поддршка дополнително ќе го унапредиме дуалното образование во секторот:електротехника, а нашите ученици ќе имаат можност да стекнуваат знаења и искуства од врвни експерти.