Нашите готвачи од угостителско-туристичката струка денеска учествуваа на овој голем гастрономски настан под менторство на професорите Дане Петровски и Стефан Станоевски. Натпреварувајќи се со искусни шефови и врсници освоија второ место.
Честитки за целиот тим кој со својот труд, креативност, и тимска работа го претстави нашето училиште во најдобро светло.
Браво – горди сме на вас!