
Општина Велес и Организацискиот одбор на 58.Детски Рацинови средби додели ПОФАЛНИЦИ на ученикот Никола Митовски и на менторката Лиле Стојановска од СОУ,,Ѓорче Петров” Крива Паланка за учество на Рецитаторски натпревар.
Ученикот Никола Митивски се претстави со следнава песна:
Кога денот од стих се раѓа
Кога денот од стих се раѓа,
инспирацијата ненадејно ни доаѓа,
како метеор – ѕвезда што паѓа,
па веднаш замислуваме желба
како аргатите, наутро пред да појдат,
да се вратат од печалба,
живи и здрави, да си дојдат,
сакаат само да заработат за топол леб, тенка корка,
ах, таа пуста пара, горчлива и горка,
зарем, и по осумдесет и шест лета и зими,
уште не научивме, од сé ова, да извлечеме поговорка?
Уште не научивме, барем по една поука, потсвеста да ни прими?
Кога денот од стих се раѓа,
инспирацијата ненадејно ни доаѓа,
и запишуваме стих два,
и проверуваме дали со римата ни се совпаѓа.
Некогаш пак, инспирацијата
полека, бавно ни се раѓа,
како сонце што грациозно заоѓа,
како Ленка што бавно ткаеше кошула,
трудот ѝ остана незавршен,
уште една рана,
а ние? Аман бе какви луѓе сме ние?
-Критичари и судии вечни,
пак постапивме нечовечки и на тоа и најдовме маана.
Кога денот од стих се раѓа,
маката на аргатите е постојана,
никако од рамена да им паѓа,
еднаш и засекогаш,
„Нема ли бел ден, ден да е на аргатите?“ – прашуваше Рацин,
нема за жал нема,
единствено снаодливи беа акробатите, тие пустите богатите,
на тутуноберачот, само тутун му останува,
и за тоа има богаташ алчен
и постојано сака по ниска цена да му го зема.
Стихот е битен од утрото,
зашто велиме, нели:
„Утрото е навест на денот”
на прак ни е декември,
раѓањето на Рацин
што ќе го славиме преку споменот.
Ех, Рацине да беше жив,
да можеше да ме видиш,
да можеше да ме слушнеш,
се надевам преку песната не те растажив,
туку напротив,
барем малку од малку расположив,
ама како да те расположам?
Поминати се осумдесет и шест години
и сепак, се é пак исто
како да се вртиме во затворен круг,
неизлезен лавиринт,
нема бел ден, нема ни поука,
време е да ја донесеме најважната одлука.