

Кампањата “Петарди не – безбедност пред сè“, продолжува и оваа година. Само неколку денови не’ делат од Новата година, а нашата порака е се’ погласна и појасна![]()
Стоп за пиротехника! ![]()
Во нашето средното училиште успешно беше спроведена кампањата „Стоп за пиротехника“, која имаше за цел подигнување на свеста за опасностите од употребата на пиротехнички средства.
Кампањата ја реализираа:
Д-р Марија и Д-р Ангела, ангажирани од Клиниката за пластична хирургија, со својата експертиза и искуство во третирање на повреди предизвикани од пиротехнички средства;
Претставници на Министерството за внатрешни работи, кои ги информираа учениците за правните последици и ризиците поврзани со употребата на пиротехнички средства.
Оваа иницијатива се спроведува трета година по ред, со голема поддршка од наставниците и учениците. Посебен акцент беше ставен на превенцијата и безбедноста, поттикнувајќи ги младите да ги слават празниците одговорно и безбедно.
Порака до сите ученици: Празниците се време за радост и убави спомени – не дозволувајте пиротехниката да ги уништи!