Учениците од природно-математичкото подрачје Б заедно со професорката по физика, Виолета Станковска-Станојковска го посетија Здравствениот дом и Центарот за дијализа на нашиот град. Тие имаа можност да се запознаат со работата на медицинскиот персонал, да видат како функционираат различните оддели и да добијат информации за современите медицински методи. Изразуваме голема благодарност до персоналот на медицинскиот центар за нивната посветеност, гостопримство и споделеното знаење, кое им остави силен впечаток на учениците.