Кампањата “Петарди не – безбедност пред сè“ се спроведе и кај нас. Лекарите д-р Марија Крстевска и д-р Ангела Марковска и студентката по медицина Глорија Стојковска заедно со претставници од МВР, одржаа предавање на 25.12.2023г. (понеделник) на учениците од прва и трета година од нашето училиште.
Ентузијазмот и поддршката од средношколците за да направат промена се инспирација за оваа кампања и се надеваме дека пораката ќе допре до секој ученик и секој родител за да заеднички ставиме крај на опасностите кои се кријат позади примената на петарди и пиротехнички средства. Ви благодариме што и оваа година го избравте нашето училиште за Вашата кампања.