Во рамките на електротехничката струка постои следниот образовен профил со четиригодишно траење:
- Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
- За време на образовниот процес, учениците се стекнуваат со следните знаења и вештини:
- Да откривааат и отстрануваат дефекти на компјутерска техника и опрема
- Да инсталираат софтвер
- Да користат инструменти и мерна опрема
- Да проектираат и одржуваат мрежи
- Да програмираат ПЛУ (PLC) во производствени процеси
- Да програмираат во програмскиот пакет Pascal
- Да програмираат во програмскиот пакет Delphi
- Да дизајнираат вебстрани
- Да работат со бази на податоци
По завршување на средното стручно образование учениците се стекнуваат со називот:
- ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА
И можат да го продолжат образованието на соодветни или на сродни профили на повисоко ниво:
- Компјутерско-системско инжинерство и автоматика
- Телекомуникации
- Компјутерски науки
- Програмско инженерство
- Информациски системи
- Компјутерски архитектури и мрежи
- Информатичко образование и електронско учење
- Информатика за основно образование
- Електроенергетика и управување
- Електроенергетски системи
- Електроенергетски уреди
- Електроника, радиотехника и процесирање на сигнали
- Информатика и компјутерско инжинерство
- Конверзија и искористување на електрична енергија
Ваквите кадри во светот се дефицитарни и пазарот на труд е многу поволен. Како поатрактивни работни места би ги издвоиле:
- ИТ менаџери
- Развој на веб апликации
- Програмери
- Графички дизајнери
- Менаџери со бази на податоци
- Сервисери на компјутери и компјутерска опрема
- Дизајнери на мрежи
- Инжењери за мобилни апликации
- Одржувачи во автоматизирани производни системи
- Развој на апликации
Времетраењето на образовниот профил е четири години со вкупно 3918 часа од кои:
- Општо образование: 1629 часа
- Стручно-теоретско образование: 1623 часа
- Практична настава: 666 часа
- Феријална пракса: 10 дена
Наставата се реализира:
- Интерно, во објектите на училиштето (училници и кабинети)
- Екстерно, во објекти надвор од училиштето (производни системи и фирми од дејноста)
Наставен план
- Времетраење на образованието: четири години