еТвининг училиште 2023-2024
По втор пат ја добиваме оваа престижна Европска награда – еТвининг училиште!
Тоа значи дека и овојпат нашето училиште е признаено на европско ниво како модел за еТвининг и е дел од мрежата на водечки училишта кои служат како инспирација за идниот развој на делувањето. еТвининг училиштата се активни и во спроведувањето и промовирањето на вредностите и педагогијата на еТвининг и претставуваат референтна точка за локалната заедница, како и модел за другите училишта.
- Published in Е-твининг
Реализирана втората мобилност од Еразмус+ проектот Нула отпад
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како координатор и партнер училиштата: YUNUS EMRE ANADOLU İMAM HATİP LİSESİ, Маниса (Турција) и COLEGIUL ECONOMIC EMANUIL GOJDU HUNEDOARA, Хунедоара (Романија). во период од 24.04.2023 до 28.04.2023 година ја реализираа втората мобилност во рамки на проектот „Нула отпад“. Домаќин училиште на оваа мобилност беше партнер-училиштето од Турција-YUNUS EMRE ANADOLU İMAM HATİP LİSESİ.
Во оваа размена земаа учество 10 ученика од нашето училиште придружувани од директорката Елена Ѓорѓиевска и проф. Ивана Станковска.
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата и храната на Р. Турција.
Секако примарна цел на проектот беше како да ја заштитиме животната средина, како да рециклираме, да ги ре-употребуваме материјалите и да бидеме општествено одговорни.
Учесниците во проектот ги реазлизираа следниве активности:
- Садење дрвца
- Креативна работилница на тема: Редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени” и делење на брошури во центарот на Маниса
- Посета на Сарухан парк, музејот и џамијата на Ајше Хафса султан
- Игри за ориентација
- Посета на Ефес, Измир
- Посета на Пергамон
Секој ден е нова можност да се направи нешто за спас на планетата Земја!
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите
на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.
- Published in Еразмус
UPSHIFT циклус ДИГИТАЛИЗАЦИЈА!
Здружението ЛЕАД традиционално и оваа година организираше камп за иновации.
Нашите Rebooters -креативни, амбициозни и подготвени да направат промени со еко столче!
Тимот ја намалува потрошувачката на нафта во училиштето за 30% со помош на инфрацрвени дигитални панели. Вградените сензори за температура и притисок од панелите поставени на училишни столчиња ја оптимизираат употребата на енергија за затоплување на просторијата, што пак позитивно се одразува на буџетот на училиштето. Ефикасното затоплување е клучно за еден ученик, а со стратешкото еколошко користење на инфрацрвеното зрачење се постигнува токму тоа.
Тимот во состав:
1. Горана Симонова III-3
2. Ева Симонова II-2
3. Божидар Јанковски II-6
4. Стефан Величковски I-6
5. Јован Јакимовски I-6
6. Бојан Митовски III-7
беше менториран од страна на проф. Драган Китановски.
Успеаа да се пласираaт во топ 10 финалисти кои во склоп на UPSHIFT Bootcamp-от активно работеа на развој на иновативни дигитални решенија поврзани со заштита на животната средина во четирите ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈА и ПОЧВА.
10те тимови ги презентираа нивните иновативни решенија пред жири комисијата во Хотел Дрим-Струга.
Со оваа уникатна идеја Rebooters се пласираа во топ 5 и освоија
120 000 денари да ја спроведат нивната идеја на дело.
Честитки за целиот тим!
Се гордееме со успесите на нашите иновативни и креативни ученици.
Браво!
- Published in Останато
Положување на цвеќе на бистата на великанот ,,Ѓорче Петров”
Цвеќе на бистата на великанот ,,Ѓорче Петров” во нашето училиште кое го носи неговото име.Цвеќе положија претставници од училиштето и општина Крива Паланка. Нека ни е честит и вековит Патрон празникот.
- Published in Останато
- 1
- 2