Усвоен предлог план за работа во услови на пандемија во СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка со редуцирано присуство на вработените во училиштето

На седница на Наставнички совет на училиштето, одржана онлајн преку платформата ZOOM на ден 13.11.2020 година со почеток во 12:30 часот, раководниот кадар, стручните соработници и наставниците го разгледаа предлог планот за работа во услови на пандемија и сите присутни наставници едногласно го усвоија.
Според планот наставниците ќе бидат на работа во интервал од 07:30 до 13:30 часот за оние наставници кои се изјасниле наставата да ја спроведуваат од училиште, додека за наставниците кои ќе доаѓаат еден ден во неделата ќе имаат и за обврска во тој временски период да ги внесат сите потребни податоци во педагошката евиденција и документација.
