Реализирана и последната мобилност од Еразмус+ проектот Нула отпад

Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како координатор и партнер училиштата: YUNUS EMRE ANADOLU İMAM HATİP LİSESİ, Маниса (Турција) и COLEGIUL ECONOMIC EMANUIL GOJDU HUNEDOARA, Хунедоара (Романија). во период од 08.05.2023 до 12.05.2023 година ја реализираа и третата т.е последна мобилност во рамки на овој проект. Домаќин училиште на оваа мобилност беше училиштето од Романија-COLEGIUL ECONOMIC EMANUIL GOJDU HUNEDOARA.

Во оваа размена земаа учество 10 ученика од нашето училиште придружувани од директорката Елена Ѓорѓиевска и проф. Ивана Станковска.
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата на Р.Романија.
Секако примарна цел на проектот беше заштитата на животната средина.
Учесниците во проектот ги реазлизираа следниве активности:
- Садење дрвца
- Креативна драма
- Креативна работилница за изработка на брошури
- Делење на брошурите во центарот на Хунедоара
- Посета на замокот Корвин, Хунедоара
- Игри за ориентација во Арсенал парк
- Посета на станица за рециклажа
- Посета на зоолошката градина во Сибиу
Немаме резервна планета затоа со заеднички сили да ја спасиме планетата Земја!
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите
на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.

