Предлози за ученички иницијативи

На ден 20.10.2021 г. беше одржан состанок со претставниците на паралелките од сите години. Учениците, преку „бура на идеи“ водена од страна на стручните соработници и помошник директорите, разговараа за проблеми/потреби што ги детектираат во училишната средина и локалната заедница, анализираа и дискутираа за области кои треба да се подобрат.
Учениците во групна дискусија имаа можност да ги искажат и аргументираат своите мислења и ставови, и како проблеми/потреби на кои би спровеле ученички иницијатаиви ги предложија следните области:
- Недостаток на кантина во училиштето;
- Проблем со безбедноста во сообраќајот по улицата која води до училиштето;
- Уредување на спореден пат кој води до училиштето ;
- Обуки/работилници за ученици од областа на компјутерските науки;
- Спортски натпревари, прошетки, хепенинзи и други воннаставни активности кои поради пандемијата се сведени на минимум и поради протоколите многу тешко се организираат;
- Хуманитарни акции за помош на ранливи категории;
- Сузбивање на користење на психотропни супстанции кај младите;
Училишната заедница како иницијатива за овој период предложија да се уреди споредниот пат до училиштето што подразбира чистење на патот, осветлување, доопремување, санирање на мостот и др.
За да ја реализираат оваа цел покрај поддршката од наставниците потребно е да се обезбедат и ресурси на ЈП Комуналец како и на локалната самоуправа.
Учениците со помош на наставници веќе изготвуваат акционен план за оваа иницијатива и истиот ќе биде доставен и до Општината.