Потреба од засилена реализација на воспитната компонента во училиштата

На ден 17.01.2023 година, наставниците од СОУ „Ѓорче Петров“ присуствуваа на обука на тема: Потреба од засилена реализација на воспитната компонента во училиштата.
Обуката ја реализираше проф. д-р Розалина Попова-Коскарова, професор на Педагошкиот факултет при УКИМ.
„Воспитната и образовната дејност треба се интегрирани во едно единство. Меѓутоа, се почесто се соочуваме со состојба која говори за занемарување на воспитната улога во училиштето, за сметка на образовната. Наставникот е посредник меѓу учењето и знаењето- Тој е пример за учениците!“
проф. д-р Розалина Попова-Коскарова