IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Јунски уписен рок
- ПРВОТО ПРИЈАВУВАЊЕ преку електронско аплицирање на учениците ќе се врши: од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
- Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 16 јуни 2026 година од 08:00 часот до 19:00 часот и 17 јуни 2026 година од 08:00 часот до 15:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика на 22 јуни 2026 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објави истиот ден на огласна табла на училиштето.
- Доколку НЕМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број ученици од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 22 јуни 2026 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 24 јуни 2026 година до 12 часот.
- Доколку ИМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број ученици од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 24 јуни 2026 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 26 јуни 2026 година до 12 часот.
- ВТОРОТО ПРИЈАВУВАЊЕ преку електронско аплицирање на учениците, доколку има слободни места, ќе се спроведе на 23 јуни 2026 од 00:00 часот до 23:59 часот.
- Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 24 јуни 2026 година од 08:00 до 15:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика на 29 јуни 2026 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објави истиот ден на огласна табла на училиштето.
- Доколку НЕМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број ученици од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 29 јуни 2026 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 30 јуни 2026 година до 12 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку ИМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број ученици од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 01 јули 2026 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 02 јули 2026 година до 12 часот на огласнатата табла и веб страната на училиштето.
Августовски уписен рок
- Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот уписниот рок со две пријавувања.
- Пријавувањето на ученици ќе се врши на 20 август 2026 година од 00.00 часот до 15:00 часот со електронско аплицирање.
- Доставувањето на потребната документација ќе биде на 21 август 2026 година од 08:00 часот до 14:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават истиот ден, најдоцна до 19:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
Против одлуката за упис, кандидатите и нивните родители (старатели), во рок од 4 часа од истакнување на конечната ранг листа, можат да поднесат приговор до Училишната комисија.
Решението по приговорот е конечно.
По објавување на конечната ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа.