Во организација на ELTAM на 12.04 2025 во просториите на ООУ „Толи Зурдулис“ во Куманово се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик за ученици од средните училишта во Кумановскиот регион. Од СОУ „Ѓорче Петров“ учествуаа 5 ученици кои постигнаа одлични резултати.
🏅 Константин Илиевски од I-3 освои прва награда;
🏅 Дејвид Пешовски од I-3 освои втора награда
🏅Никола Алексовски од II-2 освои трета наградa;
🏅 Сандра Колевска oд III-1 освои втора награда;
🏅 Мелани Јовчева III-5 освои втора награда.
Сите ученици ќе го продолжат натпреварувањето на државниот натпревар кој ќе се одржи на 10.05 2025 во Скопје. На учениците им посакуваме многу среќа и успех. Ментори на учениците се професорите по англиски јазик: Лидија Алексовска, Мирјана Станојковска и Билјана М. Михајловска.