Меѓународен театарски фестивал за деца и млади ,,Lektirići ex yu fest”
Драмската секција при СОУ„Ѓорче Петров“ учествуваше на Меѓународниот театарски фестивал за деца и млади ,,Lektirići ex yu fest” кој се одржа во Прокупље, Република Србија на 08.12.2022г.
На десетгодишнината од фестивалот кој имаше натпреварувачки карактер, нашите млади актери настапуваа со претставата ,,Паланечко Зоне” во режија на професорките по македонски јазик Зорица Давитковска, Лиле Стојановска, Елена Јакимовска и Даниела Стојмировска.
На фестивалот ученикот Горјан Младеновски доби награда за најдобра машка улога, ученичката сара Стојановска беше наградена за најдобра женска улога.
Се гордееме со нашите талентирани ученици и им посакуваме уште многу одиграни претстави на големата театарска сцена!
- Published in Македонски јазик и литература
Шагринска кожа – уметнички перформанс на нашите матуранти
Група матуранти под менторство на проф. Лиле Стојановска и проф. Елена Трајчевска приредија прекрасен уметнички перформанс за романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак.
Премиерно перформансот беше прикажан на кривопаланечката јавност во НУ Центар за култура на 18.05.2022г.
За истиот беше изработен и краток филм со кој учениците се претставија на Образовното рандеву-МАССУМ 2022 во Велес на 06.05.2022. и освоија II место во категоријата: Најдобра драмска претстава.
На следниов линк можете да го погледнете краткиот филм: https://drive.google.com/drive/folders/1Gc2IL8AJM1wW9h-CpUfmzfDLISnRcX-F
- Published in Македонски јазик и литература
Литературен конкурс
По повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик,
Сојузот на просветни работници распиша конкурс на тема:
„Браќата Миладиновци, учители и просветители, поборници за својот мајчин јазик.“
На конкурсот ученичката Матеја Цветковска од втора година го овои третото место. Ментор-Зорица Давитковска.
- Published in Македонски јазик и литература
Седма ораторска вечер
- Published in Македонски јазик и литература, Останато
Учество во виртуелна работилница „Имам став“
- Published in Македонски јазик и литература
Совесноста и одговорноста на средношколците ставена пред морален висок чин
- Published in Македонски јазик и литература, Останато
Шеста ораторска вечер
На 17.12.2019 година во СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка се одржа Шестата ораторска вечер на која со свои говори настапија осум ученици во натпреварувачкиот дел.
(more…)- Published in Македонски јазик и литература, Останато
Награди за драмската секција на театарскиот фестивал „Лектириќи“ екс ју фест во Прокупље – Р.Србија
- Published in Македонски јазик и литература
УСПЕШЕН ВИКЕНД ЗА КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ
- Published in Македонски јазик и литература, Општествени предмети, Странски јазици
Златни пехари на меѓународниот театарски фестивал-Езоп во Р.Бугарија
На меѓународниот театарски фестивал Езоп- слобода на робот, кој се одржа во Република Бугарија на 30.03.2019 год., драмската секција при СОУ,, Ѓорче Петров” се претстави со драмата”Проект свадба”, во режија на професорките Зорица Давитковска, Елена Јакимовска и Даниела Стојмировска.
(more…)- Published in Македонски јазик и литература