🥇14 и 15.04.2025 г. се реализираше шестата работилница за развојни микропроцесорски системи во организација на Логинг Електроникс и Факултетот за електротехника и информациски технологии. За најдобра презентација на практични решенија со опремата донирана од Логинг електроникс првото место го освои нашето училиште, со учениците Стефан Величковски и Мишо Младеновски од 3-6 паралелка, електротехничка струка.