еТвининг проектот Global Tour Bus на СОУ „Ѓорче Петров“ награден за добра пракса
На ден 12.12.2022г. се одржа Валоризациона конференција на НАЕОПМ во просториите на хотелот Александар Палас-Скопје.
Целта на оваа конференција беше да се претстават успешни проекти од изминатите години кои ќе послужат како пример и поттик за сите останати кои се или сакаат да бидат дел од програмата Еразмус+.
Конференцијата ја отвори директорот на НАЕОПМ Марко Ѓорѓиевски, а на истата имаа можност да се обратат и советникот за млади на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорѓи Тасев и раководителот на сектор за соработна при Делегација на ЕУ во РСМ, Штефан Худолин.
Проект од нашето училиште беше избран за добра еТвининг практика од државата.
еТвининг амбасадорката од нашето училиште Ивана Станковска, им ги претстави целите, проектниот животен циклус и продуктите кои беа креирани за истиот на присутните.
Чест и задоволство ни е што токму проект на нашето училиште е избран за добра пракса. Се гордееме со успесите на нашите еТвинери!
- Published in Е-твининг
Работилница на тема: Врсничко насилство и превентивни програми
На ден 07.12.2022г. во просториите на нашето училиште се одржа еднодневна работилница за: насилство, врсничко насилство, булинг, ненасилна комуникација и говор на омраза меѓу учениците.
Работилницата ја водеа помошник командир за ЈРМ и превенција
г-дин Зоран Николовски и сменоводител г-дин Сашо Трајковски од ПС на ОН Крива Паланка.
Учениците од прва година имаа можност да се запознаат со видовите насилство, но и како да се превенираат ваквите појави навремено со цел да се избегнат поголеми прекршоци на јавниот ред и мир.
Активно учествуваа во дискусиите за време на работилницата и научија како и каде да пријават сомнеж или насилство врз ученик.
- Published in Останато
ROBOMAC JUNIOR 2022
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE по трет пат го организираше натпреварот во роботика и електроника ROBOMAC Junior, во периодот од 30 ноември до 2 декември 2022.
На ROBOMAC Junior учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од државата, поделени во 2 категории. Освен активностите од натпреварувачки карактер, учесниците имаа можност да следат и неколку предавања во кои беа претставени популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, одржани од професори и експерти во областа.
Од нашето училиште учествуваа ученците:
- Иван Цветановски IV 6, категорија – Автономна мобилна роботика
- Антонио Крстевски IV 6, категорија – Паметна електроника за автономни возила
Ученикот Иван Цветановски заедно со својот тим го освои ТРЕТОТО место за кое доби медал како и стипендија за студеирање на ФЕИТ. Додека ученикот Антонио Крстевски се стекна со пофалница за успешната работа на натореварот.
Средношколците кои беа вклучени на натпреварите имаа можност преку работа со вистински роботи да се запознаат со сите клучни аспекти на еден роботски систем, почнувајќи од неговиот хардвер, можноста за негово програмирање преку соодветен софтвер, како и предизвиците за внесување на одредено ниво на интелигенција во истиот.
Честитки до учениците и нивните ментори!
- Published in Електротехничка струка
Проект EcoFRAlogie
Нашите ученички од IV година земаа учество натпревар во рамките на проектот EcoFRAlogie
Ученичките: Лина Рангелова, Мими Јакимовска и Симона Стојковска од IV-2 под менторство на професорката по француски јазик Сашка Младеновска изработија фото-роман , додека пак ученичката Антонела Маџовска од IV-3 под менторство на професорката по француски јазик Мимоза Ивановска освои 3 место на натпреварот по читање.
Изработките на нашите ученички како и на останатите учесници можете да ги видите на следниве линкови:
https://digipad.app/p/201154/0802ba6b3934c
„За карактерот на некое човечко битие да открие навистина исклучителни доблести, треба да ја имаме среќата да можеме со години да го набљудуваме неговото дело. Ако во тоа дело нема ни тошка себичност, ако идејата што го води е невидено великодушна, ако е апсолутно сигурно дека не побарало никаков надоместок, а згора на тоа, во светот оставило видливи траги, тогаш сме, несомнено, пред некој карактер за паметење.“
- Published in Странски јазици
Фискална едукација на младите
Нашето училиште – дел од проектот на УЈП „Фискална политика на младите“
На ден 23.11.2022г. учениците од нашето училиште присуствуваа на презентација за даночниот систем на нашата држава која ја организираше Даночното одделение при Крива Паланка.
Координаторот на одделението, Сања Јакимовска на учениците им појасни како функционира даночниот систем во државава, а потоа имаше и продуктивна дискусија.
- Published in Останато
Нашето училиште – домаќин на првата мобилност во рамки на Еразмус+ проектот:Нула отпад
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како координатор и партнер училиштата: YUNUS EMRE ANADOLU İMAM HATİP LİSESİ, Маниса (Турција) и COLEGIUL ECONOMIC EMANUIL GOJDU HUNEDOARA, Хунедоара (Романија). во период од 30.10.2022 до 05.11.2022 година.Домаќин училиште на оваа мобилност беше СОУ „Ѓорче Петров“
Во оваа размена земаа учество 30 ученика, од нашето училиште и од партнерските училишта придружувани од 6 наставници
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата и храната во нашата држава.
Секако примарна цел на проектот беше како да ја заштитиме животната средина, како да рециклираме, да ги ре-употребуваме материјалите и да бидеме општествено одговорни.
Учесниците во проектот проследија презентации/ги посетија следниве институции:
- Посета на Градски музеј – Крива Паланка
- Посета на манастирот Св.Јоаким Осоговски-Крива Паланка
- Еколошка акција за собирање на отпадот во близина на Калин Камен
- Друштво за управување со отпад Нула Отпад – Скопје
онлајн едукативна работилница на тема: Управување со отпад , предавач: Билјана Костадинова - Посета на Природно-научен музеј -Скопје
- Посета на Зоолошка градина – Скопје
- Креативна работилница и изложба за подигнување на еколошката свест- изработка на лого, постери… во просториите на училиштето
- Креативна работилница на тема: Редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени” – одржана во просториите на Европска куќа – Крива Паланка
- Посета на повеќе локации од национален парк Галичица, презентација за ендемските видови и тековните активности на вработените во паркот, а воедно и посета на Охрид, град заштитен од УНЕСКО
Ова беше едно интересно “еко“ дружење, а нашите активности ќе продоложат и понатаму во Р. Турција.
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите
на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.
- Published in Еразмус
Реализирана третата мобилност од Еразмус+ проектот YES Europe III во Германија
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19. СУ “Елин Пелин“ -Бугарија (партнер), ја реализираа третата мобилност од проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа, во период од 23.10.2022 до 28.10.2022 година.Домаќин училиште на оваа мобилност беше Karl Schiller Berufskolleg – Германија
5 ученика, придружувани од наставничките Катерина М. Наковска и Ивана Станковска, имаа можност да учествуваат во оваа размена.
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата, храната на државата – домаќин, како да се студира и најде работа, како да се подготват за интервју за работа.
Исто така проследија презентации/ги посетија и следниве институции:
- Chamber of Industry and Commerce, Cologne
- Посета на компанија за преработка на отпад- Remondis Liblar
- Посета на ТВ -MMC Television Studios
- Подготовка за интервју за работа и презентација на компанијата-Barmer
- Посета на универзитет – TH Köln
- Посета на пристаништето во Колоњ
Учениците имаа прилика да стекнат повеќе знаења за кариерен развој и да ги зајакнат интеркултурните вештини.
- Published in Еразмус
Come In
Оваа учебна година одлучивме со еТвинерите од прва година да се фокусираме на културните вредности, да се запознаеме подобро со другите нации и да го промовираме нашето културно наследство со училишта од Европа и Азија.
Првин еТвинерите изготвија заедничка драфт верзија со нивниот ментор проф. Ивана Станковска, потоа бараа партнери преку ЕСЕП платформата кои ќе го поддржат нивниот проект.
За партнери избрани се училишта од: Јордан, Турција, Италија, Хрватска и Франција.
Се надеваме на успешна соработка и многу дигитални изработки!
- Published in Е-твининг
Посета на театарска претстава во МНТ – Скопје
- Published in Останато
Известување
Ве известуваме дека селекцијата на кандидати за мобилност во Р. Турција и Р.Романија во рамки на ЕРАЗМУС + проектот Нула отпад, клучна акција КА210 – партнерства од мал обем во полето на училишно образование е завршена.
Кандидати кои ќе одат на мобилност во Р. Турција се:
- Викторија Георгиевска
- Петар Пешовски
- Михаил Димитровски
- Ивона Петровска
- Анастасија Младеновска
- Ева Николова
- Нина Димитровска
- Михаела Јанковска
- Бојан Митовски
- Даниела Јаначковска
Резервна листа:
- Бојан Јакимовски
- Сандра Маџовска
- Матеј Стоименовски
- Андреја Николовска
- Ива Стојковска
Кандидати кои ќе одат на мобилност во Р. Романија се:
1. Наум Стојановски
2. Ангела Стојчевска
3. Ангела Давидовска
4. Валерија Митовска
5. Дарко Алексовски
6. Ева Новкова
7. Ева Симонова
8. Горјан Младеновски
9. Михаел Јакимовски
10. Горана Симонова
Резервна листа:
1. Сара Николовска
2. Матеа Маџовска
3. Грета Величковска
4. Маја Тасевска
5. Теодор Трајковски
- Published in Еразмус