УСПЕШЕН ВИКЕНД ЗА КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ
by
elena
/
понеделник, 13 мај 2019
/
Published in
Македонски јазик и литература, Општествени предмети, Странски јазици
На Државниот натпревар по социологија, оддржан на 11.05.2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, ученичката од втора година, Глорија Стојковска, под менторство на професорката Татјана Филиповска, го освои првото место.
На Државниот натпревар по македонски јазик и литература, оддржан на 11.05.2019 година во Велес, ученичката Бојана Спасовска од втора година, под менторство на професорката Жаклина Цековска, освои прво место.
На Државниот натпревар по англиски јазик, оддржан на 11.05.2019 година на УАКС -Скопје, ученичката Евгенија Николовска од втора година, под менторство на професорката Ивана Станковска, освои трето место.