Реализирана втората мобилност од Еразмус+ проектот YES Europe III во Белгија
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19. СУ “Елин Пелин“ -Бугарија (партнер), ја реализираа втората мобилност од проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа, во првата недела од мај.
Домаќин училиште на оваа мобилност беше GO! atheneum Leuven- од Левен Р, Белгија.
5 ученика, придружувани од наставничките Елена Ѓорѓиевска и Ивана Станковска, имаа можност да учествуваат во оваа размена.
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата, храната на државата – домаќин, како да се студира и најде работа, како да се подготват за интервју за работа и направија и тест на личноста. Исто така ги посетија и следниве институции:
- KU Leuven (еден од најстарите универзитети во Белгија)
- Agora ( центар за учење)
- Pangaea (интеркултурен центар за состаноци)
- Aviato (центар за учење и развој на авијацијата и аеродромите)
- UC Leuven-Limburg ( универзитет за применета наука)
- VDAB (фламански центар за вработување и стручна подготовка)
- Stella Artois (пиварница)
- Пристаништето во Антверп
Покрај новостекнатите вештини учениците имаа прилика и да склучат нови интернационални пријателства и да се дружат со своите врсници од Германија, Белгија и Бугарија.