Второ место на државниот натпрвар по француски јазик – Олимпијада 2020 година
На натпреварот Олимпијада 2020 по фанцуски јазик, кој во овие услови се реализираше online на платформата ZOOM, нашата ученичка Камелија Алексовска под ментострво на професорката Сашка Младеновска го освои високото второ место.
Камелија во конкуренција на ученици од гимназиски и билингвални паралелки уште еднаш покажа дека е врвен франкофон. Таа во 2018 год. како најмлад учесник освои второ место за усно презентирање на Меѓународна Олимпијада по француски јазик која се одржа во Охрид.
Редовно учествува и дава придонес во Франкофонските вечери кои се организираат во соработка со основните училишта во Крива Паланка.
Ти посакуваме уште многу успеси во иднина!