Реализирана третата мобилност од Еразмус+ проектот YES Europe III во Германија

Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19. СУ “Елин Пелин“ -Бугарија (партнер), ја реализираа третата мобилност од проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа, во период од 23.10.2022 до 28.10.2022 година.Домаќин училиште на оваа мобилност беше Karl Schiller Berufskolleg – Германија
5 ученика, придружувани од наставничките Катерина М. Наковска и Ивана Станковска, имаа можност да учествуваат во оваа размена.
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата, храната на државата – домаќин, како да се студира и најде работа, како да се подготват за интервју за работа.
Исто така проследија презентации/ги посетија и следниве институции:
- Chamber of Industry and Commerce, Cologne
- Посета на компанија за преработка на отпад- Remondis Liblar
- Посета на ТВ -MMC Television Studios
- Подготовка за интервју за работа и презентација на компанијата-Barmer
- Посета на универзитет – TH Köln
- Посета на пристаништето во Колоњ
Учениците имаа прилика да стекнат повеќе знаења за кариерен развој и да ги зајакнат интеркултурните вештини.