Реализирана втората мобилност од Еразмус+ проектот Нула отпад

Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како координатор и партнер училиштата: YUNUS EMRE ANADOLU İMAM HATİP LİSESİ, Маниса (Турција) и COLEGIUL ECONOMIC EMANUIL GOJDU HUNEDOARA, Хунедоара (Романија). во период од 24.04.2023 до 28.04.2023 година ја реализираа втората мобилност во рамки на проектот „Нула отпад“. Домаќин училиште на оваа мобилност беше партнер-училиштето од Турција-YUNUS EMRE ANADOLU İMAM HATİP LİSESİ.
Во оваа размена земаа учество 10 ученика од нашето училиште придружувани од директорката Елена Ѓорѓиевска и проф. Ивана Станковска.

Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата и храната на Р. Турција.
Секако примарна цел на проектот беше како да ја заштитиме животната средина, како да рециклираме, да ги ре-употребуваме материјалите и да бидеме општествено одговорни.
Учесниците во проектот ги реазлизираа следниве активности:
- Садење дрвца
- Креативна работилница на тема: Редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени” и делење на брошури во центарот на Маниса
- Посета на Сарухан парк, музејот и џамијата на Ајше Хафса султан
- Игри за ориентација
- Посета на Ефес, Измир
- Посета на Пергамон
Секој ден е нова можност да се направи нешто за спас на планетата Земја!
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите
на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.